СТАНДАРД life
Шоубиз

📷Том, што е ова? Познатиот актер целосно го промени имиџот!

Холивудскиот актер Том Круз (61) ги изненади своите обожаватели менувајќи го имиџот.

Сега актерот има повеќе коса, малку локни и посветли прамени. Во новото издание папараците го уловија во Лондон, откако пристигна со приватен авион и пред да се качи во хеликоптерот.

– Сакам да го плетем – се пошегува еден фан на социјалните мрежи.

Додека на некои обожаватели им се допадна промената на имиџот на Том, некои веднаш почнаа да се шегуваат на сметка на актерот.

– Волонтирам за шишање – напиша фан на X.

Да потсетиме, штрајкот во Холивуд го прекина снимањето на „Невозможна мисија 8“ на Круз. Штрајкот заврши минатата недела, а неговото пристигнување во Лондон веројатно значи дека снимањето продолжува.

Филмот би требало да се појави на големите екрани во мај 2025 година.

Поврзани вести

📸 Доја Кат облече необичен фустан и ги покажа градите на доделувањето на Греми наградите

Radmila Tasevska

Гласини за нова романса меѓу Џони Деп и Анџелина Џоли, наводно се гледаат во тајност

Urednik

Пејачка испрати помош за Палестинците, фановите беснеат: „Ги поддржуваш терористите“

Radmila Tasevska