СТАНДАРД life
Стил

Во фустан кој не поднесува долна облека: Нели Фуртадо модно ризикуваше на доделување на награди

Поп-ѕвездата Нели Фуртадо се погрижи никого да не остави рамнодушна на овогодинешните MTV Video Music Awards во Њу Џерси

Сопственичката на бројни хитови неодамна повторно ги здружи силите со Тимбаленд и Џастин Тимберлејк, лансирајќи нов сингл насловен „Keep Going Up“, а со познатото дуо беше на сцената на новите MTV награди што се одржа вчера.

Нели Фуртадо
Нели Фуртадо

За таа прилика, 44-годишната Канаѓанка предизвика голема врева продефилирајќи на розовиот тепих на наградите во фустан со драматично голем шлиц на грбот.

Предизвикувачката креација на Фуртадо ја потпишува познатиот норвешки дизајнер Питер Дундас, а модната икона Зендаја неодамна се појави во модниот едиторијал на американското издание на магазинот Elle.

Се сеќавате на Нели Фуртадо? Пред 23 години имаше голем хит, а сега се подготвува враќање

Поврзани вести

📸Софија и Никол Ричи ретко се појавуваат заедно, а кога го прават тоа е спектакуларно

Urednik

Назад во шеесетите: Сите ја гледаа поради овој фустан, а таа го носеше наопаку

Urednik

📷Фустанот на убавата црвенокоса актерка е чиста фантазија

Urednik