Српската актерка Наташа Нинковиќ важи за многу одмерена и елегантна дама на нашите простори, а тоа го докажа и со својата најнова објава на социјалните мрежи. Имено, таа покажа три различни стајлинзи, базирани на црна боја со црвени детали.
Првиот аутфит е еден од најпопуларните во последно време – комплетен костум. Нејзиниот костум е поформален, а може да се забележи дека овој пат избра предимензионирана верзија, со подлабоко деколте.
Ја тргна косата од лицето за да го истакне црвениот кармин.
Следен стајлинг е долг, црн фустан, кој е најчестиот избор на дамите за новогодишните прослави. Фустанот го истакнува струкот со „A-пад“ до подот, а долгите ракави и ролна го истакнуваат нејзиното лице. Таа ја задржа истата шминка, па црвениот кармин и овој пат беше одличен избор.
Во третото издание, Наташа позира во црвено палто, задржувајќи ја косата и шминката.
Како ви се допаѓа изгледот на Наташа Нинковиќ?