СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Андроид се наоѓа на повеќе од 3 милијарди активни уреди

Андроид платформата е присутна повеќе од една деценија и во овој период бележи огромен раст. Мобилниот оперативен систем на Гугл сега постави нов рекорд – Андроид е на повеќе од три милијарди активни уреди.

Бидејќи Андроид е платформа со отворен извор, производителите на телефони имаа слобода да го прифатат софтверот, па дури и начини да го модифицираат за да ги разликуваат своите уреди. Ова беше успешен пристап затоа што огромното мнозинство на производители на телефони се согласија да користат Андроид наместо сопствен оперативен систем.

Гугл за прв пат достигна една милијарда активни уреди со Андроид во 2014 година, а во 2019 година имаше 2,5 милијарди уреди кои го користат овој мобилен ОС.

Новото достигнување на платформата беше објавено за време на И/O конференцијата на Гугл и со три милијарди активно користени уреди, корисничката база Андроид значително ја надминува платформата ајОС на Епл, која има активна база од над милијарда корисници заклучно со оваа година.

Поврзани вести

Samsung Galaxy S20 + ќе има 120Hz дисплеј, но не и приклучок за слушалки

msp-admin

Детали за камерите во серијата Samsung Galaxy S20

msp-admin

Samsung наскоро би можел да го објави Galaxy Tab S7 Lite

Влатко Зорба