СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Apple го претстави новиот iPhone12 (ВИДЕО)

Apple претстави четири нови модели на iPhone. Нарачките почнуваат да се прифаќаат веќе во петок, а испораката започнува следната недела.

iPhone 12 се очекува да пристигне во нашата земја до крајот на ноември, а добрата вест е што Apple ги изедначи цените во долари и евра.

Со 5,4 инчи, iPhone 12 mini е најмалиот од новитетите на Apple. Овој телефон ќе се продава по цена од 679 евра.

iPhone 12 има идентични карактеристики, освен што неговиот екран е поголем и е 6,1 инчи. Чини 699 евра за почетната опција со 64 GB меморија.

Третиот модел е iPhone 12 Pro. Со 128 GB меморија (тоа е најмалата опција), тој ќе се продава за 999 евра, додека најголемиот телефон, со екран од 6,7 инчи, ќе чини 1099 евра.

Покрај тоа, Apple веднаш ги намали цените на старите модели. Така, iPhone SE 2020 чини 399 евра, iPhone XR 499 евра, додека серијата iPhone 11 започнува од 599 евра.

Овие модели ќе се појават со нови цени кога iPhone 12 ќе биде во продавниците, а тоа е од 23 октомври до 16 ноември.

Поврзани вести

6 апликации за да започнете со медитација

msp-admin

Instagram по грешка им дозволи на многу корисници да ги скријат „лајковите“ на објавите

Влатко Зорба

Не ви се допаѓа новиот Facebook? Вратете го стариот со едноставен трик

msp-admin