СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Фејсбук има нова опција: „Кај си, комшија!“

Мобилната апликација на Фејсбук добива нова опција дизајнирана за поврзување на соседите. „Facebook Neighborhoods“, како што се нарекува новата опција чие тестирање штотуку е објавено, има за цел да ги поврзе луѓето што живеат во истата област, како и да пронајде луѓе кои имаат исти интереси како што се спортот, читањето, домашните миленици и слично.

Опцијата е дизајнирана како виртуелно место за дискутирање на сите проблеми во соседството, желбите и потребите на станарите и слично.

За да можат да ја користат опцијата „сосед“, корисниците на телефони со „Андроид“ и „Епл“ ќе мораат да овозможат споделување на нивната локација, за да може Фејсбук да ги поврзе со луѓе кои живеат во нивната околина, пишува „Cnet“.

Покрај информациите што ги споделуваат на нивниот профил, корисниците ќе можат да споделуваат информации за нивните интереси, како и да ја изберат улогата што сакаат да ја имаат во нивното соседство. Така, на пример, тие можат да нагласат дека сакаат да ја искористат оваа опција за да запознаат луѓе и да се дружат, додека другите можат да се идентификуваат како „помагачи“ и со тоа да им дадат до знаење на соседите дека можат да сметаат на нив во случај да им треба нешто.

Новата алатка изгледа корисна, барем теоретски, но останува да видиме како ќе изгледа во пракса, бидејќи неговата употреба веројатно значи давање нови податоци на Фејсбук. Затоа, ќе биде потребно да се следи и управува со содржината што е објавена, што честопати се покажало како голем предизвик на кој модераторите и алгоритмите на Фејсбук сè уште не се дораснати, пренесе Zimo.

Тестирањето на Facebook Neighborhoods веќе започна во Канада. Опцијата досега се користеше најмногу за наоѓање на изгубени миленичиња, организирање патувања, стекнување нови пријатели и наоѓање мајстори, рече Рид Патон, кој управува со овој проект.

Опцијата првично ќе биде достапна во само неколку градови во Соединетите држави и Канада, а дали и кога ќе биде проширена и на други делови од светот, сè уште не е познато.

Поврзани вести

China Mobile и Huawei заеднички го објавија новото 5G решение за повици

Влатко Зорба

Google блокира 18 милиони мејлови на ден со лажни вести за коронавирус

msp-admin

Google ја објави првата тест верзија на Android 12

Влатко Зорба