СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Гејмери од цел свет прават најголем суперкомпјутер, „работејќи“ од дома

„Salad Technologies“ ги покани гејмерите ширум светот да придонесат за создавање на најголемиот супер компјутер во светот со „донирање“ на нивните стари компјутери и компоненти, за што за возврат ќе добијат „дигитални награди“.

Во 2018 година, „Salad“ лансираше апликација која привлече повеќе од 250.000 гејмери ​​и која ја користи вишокот на неискористена моќ за обработка на десктоп компјутерот за да ги потврди блокчејн трансакциите.

Компанијата сега сака да го прошири концептот на „комбинирано позајмување на моќ за обработка“ за да развие напреден компјутерски систем кој ќе може да се справи со интензивни и тешки задачи како што се развој на вештачка интелигенција (АИ), медицински истражувања и компјутерско инженерство, пишува „TechRadar“.

Овој систем досега успеа да постигне просечни мрежни перформанси поголеми од 30 petaFLOPS, така што „Salad“ тврди дека брзината на неговото мрежно работење веќе го надмина деветтиот најбрз супер компјутер во светот.

Слични „дистрибутивни компјутерски проекти“ постојат веќе некое време, но тие не ги наградија своите клиенти на начин на кој тоа го прави „Salad“. За трансфер на нивниот неактивен хардвер, корисниците ќе добијат одредена награда што ќе можат да ја разменуваат за игри, картички за подароци или претплати на разни услуги.

„Salad“ изјавија дека, само во последните три месеци, нивните корисници собрале 500.000 американски долари како награди, кои потоа ги замениле за 40 000 различни уникатни награди.

Поврзани вести

Galaxy A32 5G – најевтиниот 5G модел на Samsung

Влатко Зорба

ВИДЕО покажува интересна промена во дизајнот на Mate X

msp-admin

Facebook тестира карактеристика за препознавање на лицето за корисниците, при најавување во социјалната мрежа

msp-admin