СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Genesis го сруши светскиот рекорд во симултана контрола на дронови (ВИДЕО)

Беспилотните летала многу брзо станаа една од омилените алатки за компаниите кои сакаат да го привлечат вниманието на корисниците, а Genesis, марката на автомобили на Hyundai, успеа да го стори тоа на најдобар можен начин. Имено, овој бренд го прослави својот влез на кинескиот пазар со соборување на Гинисовиот рекорд со бројот на симултани дронови во воздухот.

На презентацијата на нивното лого над Шангај, на 29 март, во воздух беа 3.281 беспилотно летало, што е значително зголемување во споредба со претходниот рекордер. Shenzen Damoda Intelligent Control Technology крена „само“ 3.051 беспилотни летала во воздухот во септември минатата година, соборувајќи го тогашниот светски рекорд поставен во Русија со 2.200 беспилотни летала, само неколку дена порано. Инаку, првиот рекорд во оваа категорија го постави Интел, во јули 2018 година, кога имаше 2.066 беспилотни летала во воздухот над Фослом во Калифорнија.

Толку многу дронови е невозможно да се следат и контролираат рачно. Тие се контролирани од специјален софтвер за кореографија, кој испраќа информации до секој поединечен дрон за неговата позиција и траекторија, внимавајќи да се избегнат меѓусебни судири, што би довело до хаос на небото, но и на земјата.

Со оглед на тоа што ова во моментов е еден од најатрактивните начини за рекламирање на производ или бренд, можеме да очекуваме рекордот на Genesis да биде соборен брзо. Сепак, тоа брзо соборување на рекорди, заедно со големото зголемување на бројот на контролирани беспилотни летала, укажува на уште еден факт – колку брзо напредна технологијата на дронови за само неколку години.

Поврзани вести

Заврши поддршката за Windows 7

msp-admin

Успехот на iPhone 12 може да зависи од развојот на 5G мрежите

msp-admin

Како би реагирале доколку имате ноќна средба како оваа? (ВИДЕО)

msp-admin