СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Google го претстави Android 11 Developer Preview порано од очекуваното

Google традиционално ги претставува првите „Preveiw“ верзии на оперативниот систем во втората недела од март. Компанијата сега е пред предвидениот распоред бидејќи Android 11 Developer Preview сега е достапен за развивачите. На овој начин, Google се надева дека ќе им даде повеќе време да ги разгледаат сите детали за платформата пред својата официјална премиера. Android 11 нема да понуди драстични промени во интерфејсот, но ќе ги надогради и подобри клучните карактеристики што веќе ги користиме на паметните телефони што работат со оперативниот систем.

Првата верзија на Android 11 Developer Preview не е ниту брендирана како „Beta“, а секоја наредна верзија „Developer Preview“ ќе ја надогради и ќе додава повеќе функционалност. Компанијата продолжува со својата стратегија да користи само бројки во означувањето на новата верзија што ја воведе минатата година. Користењето на букви како што се Android R и имињата на десерти има неофицијален карактер и може да се користат како кодни имиња од вработените во Google. Предвидени се системски ажурирања за голем број нови технологии.

Android 11 Developer Preview е групиран во неколку секции: „Helpful Information“, „Privacy And Security“, „Updates And Compatibility“ и „Polish and Quality“, пренесува 9to5google. Оперативниот систем, исто така, поддржува нова функција наречена „Dedicated conversation section in the notification shade“, што ви овозможува да видите повеќе од последното соопштение, кога одговарате на порака директно од нотификацијата. Допрва треба да разбереме повеќе детали за новите работи што ќе ги видиме во Android 11. Официјалната премиера на оперативниот систем ќе биде во третиот квартал.

Поврзани вести

Фејсбук подготвува паметен часовник, со фокус на здравјето и пораките

Влатко Зорба

Google инвестира 25 милиони евра во борбата против лажните вести

Влатко Зорба

Премиерата на Nokia 9.1 PureView е одложена за 2020 година?

msp-admin