Многу производители веќе нудат 5G паметни телефони, но некои не брзаат да лансираат вакви уреди. На пример, iPhone со 5G поддршка ќе биде достапен едвај следната есен. Следната година сеочекуваат и Pixel паметни телефони со 5G.
Потпретседателот на Google, Брајан Раковски објасни зошто нема 5G верзии на новите модели Pixel 4 и 4XL, објавени оваа недела. Компанијата верува дека новата технологија за мрежи од петтата генерација сè уште не е подготвена за потрошувачите, пренесува PCMag.
Сега не е време да се купи паметен телефон со 5G, велат од Google. Компанијата ќе лансира соодветен паметен телефон 5G кога ќе почувствува дека ќе дојде вистинско време.
Раковски укажува и на слабата покриеност на мрежите од петтата генерација и зголемената потрошувачка на енергија. На ова може да се додадат и повисоки цени за уреди со 5G.