19.8 C
Скопје
16 септември, 2024
СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Хакери добиле пристап до изворниот код на Microsoft

Технолошкиот гигант Microsoft во својот блог објави дека хакери кои претходно напаѓале владини агенции и приватни компании во САД, добиле пристап до внатрешни информации за нејзиниот програмски код. Microsoft е меѓу клиентите на американската компанија SolarWinds, чии системи беа хакирани од сајбер пирати на почетокот на оваа година.

На 17 декември, официјални лица на Microsoft признаа дека малициозниот код на SolarWinds е откриен во неговиот екосистем и е изолиран и отстранет.

„Најдовме необична активност во некои внатрешни сметки и по проверка, откривме дека една сметка е искористена за преглед на изворниот код во повеќе складишта“, велат од корпорацијата.
Сепак, тие уверија дека хакерите можат да го видат овој код, но не и да го менуваат. По истрагата на SolarWinds, тие извршија увид и открија дека не се направени никакви измени.

Поврзани вести

Apple работи на алтернатива на пребарувачот на Google

msp-admin

Фејсбук: Уште едно големо истекување на податоци

Влатко Зорба

Vivo патентирал телефон со флексибилен екран, кој се отвора кон надвор

Влатко Зорба