СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Honor може да претстави телефон со флексибилен екран

Honor неодамна се раздели од нејзината матична компанија Huawei и оттогаш кинескиот производител работи напорно на нови производи, планови и соработки.

Извештаите спомнаа дека Honor ја обновил соработката со Qualcomm, MediaTek, AMD и други, а беше посочена и соработка со Google. Сега новиот извештај сугерира дека Honor се подготвува да издаде и смартфон флексибилен екран. Уредот, наводно, ќе биде дел од серијата Honor Magic.

На почетокот на оваа недела, добавувач сугерираше дека Honor планира да објави нов телефон со флексибилен екран во рамките на линијата Magic. Веројатно ќе биде премиум телефон.

Засега нема дополнителни детали, но претходно дознавме и дека Samsung планира да ги понуди своите флексибилни дисплеи на други производители, како што се Xiaomi и Oppo.
Дали Honor ќе им се придружи, останува да видиме.

Поврзани вести

Zoom енкрипција „од крај до крај“ за сите корисници

msp-admin

Што може да стори најпаметната заштитна маска на светот? (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Microsoft размислува плаќање за Xbox игри со биткоин

Влатко Зорба