СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

HP додава 5G можности на Elite Dragonfly

HP е подготвен да го надогради својот тенок и моќен деловен лаптоп Elite Dragonfly, со неколку прилично одлични карактеристики. Една од нив е опционалнa можност за работа со 5G за брзина на преземање податоци до 3.6GHz, но веројатно ова дополнително ќе биде достапно само во земји со мрежи од следната генерација како што се САД, Германија, Италија, Шпанија, Велика Британија и Франција .

Новиот Elite Dragonfly G2 е, исто така, прв во светот што може да биде опремен со модул Tile – ова овозможува уредот да се следи преку апликација дури и кога не е вклучен. Технологијата работи преку Bluetooth, но има функција што им овозможува на другите корисници да фаќаат сигнали од Tile, кои се надвор од опсегот на нивниот сопственик.

Лаптопот тежи 0,99 кг, но сега нуди опции за конфигурација со 10-та генерација на Intel Core i3, i5 или i7 процесори со 16 GB RAM меморија и до 2TB меморија на датотеки. Повторно, наоѓаме дисплеј од 13,3-инчи со Gorilla Glass 5 и резолуција full HD или 4K, а во зависност од моделот и батеријата, може да добиете 16,5 или 24 часа траење на батеријата.

HP го ажурираше и опционалниот вграден филтер за безбедност Sure View, кој со допир на копче дозволува содржината на екранот да биде видлива само за оние што стојат пред него. Инаку, Elite Dragonfly G2 сè уште користи рециклирани материјали – 82% од механичките делови во него се рециклираат.
Новиот лаптоп ќе излезе во продажба во февруари, но не е познато по која цена. Најевтината верзија на првата генерација чинеше 1.549 долари, така што цената на Dragonfly G2 веројатно ќе започне на тоа ниво.

Поврзани вести

Twitter Spaces достапна за секој со над 600 следбеници

Маск: Треба да создадеме град на Марс пред да се случи Трета светска војна

Никола Поповски

„Спот“ станува сѐ попаметен (ВИДЕО)

Влатко Зорба