СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Huawei ги промовораше своите први VR очила (ВИДЕО)

Huawei ги прмовираше своите први очила за виртуелна реалност (VR) во Кина, а се очекува испораката на уреди да започне во декември за 2999 јуани (382 евра). Huawei VR Glass има особено стилски дизајн, тежат околу 166 грама, со дебелина на предниот дел од само 26,6 мм, што е значително помалку од конкурентите.

Во однос на софтверот, ќе има 30,000 часови VR содржина креирана од партнерите на компанијата, како и над 100 игри и пристап до три платформи за VR видео во живо . Покрај компјутерот, очилата може да се поврзат и со паметен телефон, дозволувајќи им пристап до поголема содржина, а корисниците ќе можат да ги видат и своите фитнес податоци, ако користат уред за носење од компанијата.

Huawei VR Glass нуди вкупна резолуција од 3200 x 1600 пиксели (2 дисплеи со резолуција од 1600 x 1600) со густина на пиксели од 1058 ppi, стапка на освежување од 70 / 90Hz и поле на гледање од 90 степени. Очилата имаат два звучника, кои создаваат широко поле за звук, поддржуваат 3D звук, а присутна е опција и за поврзување на Bluetooth слушалки. Интересен детал е можноста за дополнително прилагодување на диоптерот на двете леќи, така што ќе може да ги користат луѓе, кои инаку носат очила.

Поврзани вести

OmniVision претстави нов сензор од 40MP за паметни телефони

Влатко Зорба

Samsung со специјална „Star Wars“ верзија на Galaxy Note 10+

msp-admin

Inseego и Net4 ги здружија силите за да испорачаат 5G решенија за приватните мрежи низ Европа

Stefanija Kuzmanovska