СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Google обучува вештачка интелигенција да препознава мириси

Истражувачите на Google се обидуваат да научат вештачка интелигенција да препознава мириси по молекуларната структура на супстанциите. Ова е особено тешка задача, со оглед на тоа што луѓето имаат над 400 видови рецептори во носот.

За разлика од боите кои лесно можат да се препознаат по брановата должина, определувањето на мирис е крајно двосмислено. Честопати, дури и две лица можат да го опишат истиот мирис на различни начини, а што останува за вештачката интелигенција.

Во структурата на молекулите има и таканаречени хирални парови – кога сите врски и структури на атомите се исти и се разликуваат едни од други само во огледалниот одраз. На пример, аромите на нане и мента не се совпаѓаат, но ја имаат истата структура на атомско ниво. Човк ќе ја разликува оваа суптилност, но како да ја разбере вештачката интелигенција?

Истражувачите на Google разгледале околу 5.000 молекули со добро познат опис на мириси – како „тропски“, „слаби“, „мрсни“, итн., и ги користеле за 2/3 од примероците за учење на вештачкиот интелект.

Длабокото учење на машините беше спроведено во невронската мрежа од типот GNN (graph neural network). Врз основа на добиениот модел, вештачката интелигенција ги идентификувала самостојна останатите 1/3 од молекулите.

Google има малку или нема илузии за применливоста на ВИ платформите за точно идентификување на мирисите. Ова е многу тежок проблем за решавање, со оглед на тоа што некое лице има повеќе од 400 видови рецептори во носот и учи да разликува мириси од раѓање.

Решавањето на проблемот со идентификување на мириси нуди големи изгледи: од компјутерска синтеза на мириси до враќање на чувствителност на мириси на луѓе лишени од овој луксуз заради една или друга причина.

Истражувања за распознавање мириси се спроведува во многу земји низ целиот свет. Google се надева дека научната заедница ќе ги сподели најновите модели и пакети со податоци што го отвораат патот за препознавање на мириси.

Поврзани вести

Кинеска технологија препознава лица со маски со 95% точност

msp-admin

Paper Phone нè прави понезависни од паметниот телефон (ВИДЕО)

msp-admin

САД издвојуваат 30 милијарди долари за производство на чипови

Влатко Зорба