СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Instagram Lite за Android официјално пристигнува во 170 земји

Instagram ја објави глобалната достапност на верзијата „Lite“ на својата популарна апликација. Instagram Lite е намалена верзија на популарната услуга и овозможува пофлуидно искуство при користење на платформата на кој било уред и со каква било конекција. Оваа објава е наменета за земјите во развој.

Програмерите на Lite истакнаа дека апликацијата е создадена со цел да обезбеди пристап до услугата во земји кои имаат ограничен или слаб пристап до Интернет, како и за уреди со основни / послаби спецификации. Instagram минатата година ја укина претходната верзија на својата апликација „Lite“, а компанијата потоа истакна дека работи на нова верзија.

Instagram Lite зафаќа само 2 MB простор, а Instagram го постигна тоа со користење на сопствени сервери за обработка на барања наместо да се прави тоа на телефонот. Ова се постигнува со значително намалување на API, отстранување на анимации и транзиции. Се разбира, овој потег предизвика недостаток на некои функции, па Instagram Lite не поддржува видео на IGTV. Корисниците имаат пристап до функциите на Reels и „stories“, како и испраќање пораки и пребарувања.

Компанијата потврди дека развива темна тема за Instagram Lite и треба да стане достапна во следните недели.

Поврзани вести

Lenovo претстави паметни очила за деловни корисници (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Се подготвува iPhone 13 со простор од 1 терабајт?

msp-admin

Honor 9X ќе биде достапен во Европа на крајот на месецот

msp-admin