СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Историјата на пребарување може да го открие вашиот идентитет

Во неодамна објавената студија може да се прочита дека вработените во Mozilla толкувале кориснички информации засновани врз историјата на пребарување на Интернет, бидејќи се утврдило дека корисниците имаат единствени навики кога станува збор за оваа активност. Таквите податоци се вредни за огласувачите на Интернет, бидејќи им овозможуваат да формираат прецизни целни групи и со тоа подобро да пласираат маркетинг содржина.

Корисничките профили создадени на овој начин може да се користат за следење и идентификување на корисниците, дури и преку мали примероци на податоци поврзани со навиките на пребарување.

Студијата беше спроведена за да се разбие митот дека податоците за историјата на пребарување на Интернет не се корисни за огласувачите на Интернет, и беше насловена „Replication: Why We Still Can’t Browse in Peace: On the Uniqueness and Reidentifiability of Web Browsing Histories“.

Новата студија е дизајнирана како продолжение на едно постаро истражување што беше спроведено во 2012 година, кога беа испитани 380 илјади корисници за навиките за пребарување. Новата студија разгледуваше податоци од 52.000 корисници и беа собрани директно од Firefox.

Заклучено е дека 99% од профилите креирани на овој начин се единствени, што значи дека тие се повеќе од корисни за прецизно идентификување на потенцијалните клиенти.

Поврзани вести

HarmonyOS официјално пристигнува во април, Huawei Mate X2 го добива прв

Влатко Зорба

Бесплатна надградба до Windows 10 сè уште е можна

msp-admin

Што може да стори најпаметната заштитна маска на светот? (ВИДЕО)

Влатко Зорба