Според Sammobile, Samsung може да ја претстави својата следна предводничка серија на паметни телефони Galaxy S11 во третата недела од февруари.
Според објавата, точниот датум најверојатно ќе биде 18 февруари, а како и Galaxy S10, серијата ќе види бел ден во Сан Франциско.
Иако е наведен сигурен извор, плановите веројатно ќе се променат како што се приближува настанот.
Во оваа фаза, нема многу информации во врска со идните уреди, освен дека се очекува да го воведат новиот графички интерфејс One UI 2.1 и да понудат до 1TB внатрешна меморија за датотеки.
Исто така, можно е серијата да вклучи камера со 108 мегапиксели и оптичко зумирање од 5x, а со голема сигурност би очекувале дека нема 3,5 милиметарски приклучок за слушалки.