СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

LG потврди дека следниот телефон ќе се вика Wing

LG потврди дека следниот телефон ќе се вика „Wing“ и ќе биде претставен на 14 септември. Според фотографиите што пристигнаа до јавноста, и подоцнежното соопштение на компанијата, може да се заклучи дека уредот има два екрани, кои можат да се ротираат, а неодамнешно закачено видео потврдува дека овој механизам ќе функционира во форма на буквата Т.

Покрај ротирачкиот екран, најавено е дека уредот ќе има поддршка за 5G, тројна камера во позадина со главна од 64MPx, како и напојување со процесор Snapdragon од серијата 700.

Според компанијата, уредот ќе биде претставен како дел од проектот Explorer, нова категорија производи на LG, која има за цел „да открие нови начини за користење на уредот, но и да испроба нови кориснички стандарди“, додавајќи дека „Wing“ ќе донесе нова и поинаква форма и искуство за употреба на телефон, што би било невозможно за стандардните телефони, соопшти компанијата.

Поврзани вести

Sony лансираше 5G паметен телефон (ВИДЕО)

msp-admin

Sony PlayStation 5 ќе излезе во продажба во Европа за 499 евра од ноември 2020 година

msp-admin

Како некој може да ги види сите слики и видеа на вашиот заклучен телефон благодарение на „баг“ на Facebook?

Stefanija Kuzmanovska