СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Копач: Верувам дека независната РКЕ донела правилна одлука за поскапување на струјата

Директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница (ЕЗ) Јанез Копач во интервју за МИА говори за стручноста на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), зголемувањето на цената на електричната енергија за 7,4 отсто, барањето за нејзино намалување за 46 отсто, мерките за заштита на потрошувачите од КОВИД-19, обврските на земјава кон ЕЗ, најекономичниот начин за загревање на домовите.

– Регулаторната комисија за енергетика на Северна Македонија (РКЕ) е независен енергетски регулатор што работи транспарентно и професионално и се смета за најдобар регулатор две години по ред во рамките на сите девет Договорни страни на Енергетската заедница. Поради својата висока репутација, претседателот на РКЕ Марко Бислимоски беше избран за претседател на Регулаторниот ддбор на Енергетската заедница (EЦРБ), тело што ги претставува сите регулатори на Енергетската заедница. Минатата година, РКЕ исто така аплицираше да стане набљудувач на Агенцијата на ЕУ за Соработка на енергетските регулатори (АЦЕР). Услов за ова е позитивното мислење на Секретаријатот за независноста и работата на РКЕ и нашата оцена беше позитивна. Освен регулаторот од Црна Гора и Норвешка, РКЕ ќе биде единствениот набљудувач на оваа институција на ЕУ. Ова е чест за Северна Македонија. Не можам да проценам дали зголемувањето од 7,43% беше точно вистинското, но верувам дека независната РКЕ со своите познавања донела правилна одлука, вели Копач.

Поврзани вести

Свечено отворање на новата книжарница на „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“

msp-admin

Битиќи: Успехот на домашните компании ќе се пресликува и во благосостојбата на нашето општество

msp-admin

Најбогатиот човек наскоро ќе стане многу, многу побогат

Влатко Зорба