СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Мајкрософт ќе го користи човечкото тело за да генерира криптовалути

Софтверскиот гигант Мајкрософт патентирал технологија за генерирање на криптовалути од импулси на човечкото тело.

Активноста на човечкото тело, поврзана со апликација во уредот на корисникот може да се користи во процесот на „копање“ на криптовалути, пишува во документите за патентот, кој се нарекува „Cryptocurrency system using data on body activity“.

Програмерите веруваат дека телесната топлина или мозочните бранови, репродуцирани додека некое лице извршува задача, може да се искористи за да се извлече и служи како доказ за функционирање (Proof of Work)

„Сензорот комуникативно поврзан или интегриран во уредот на корисникот може да ја почувствува неговата физичка активност. Податоците за физичка активност можат да бидат генерирани врз основа на сензорната физичка активност на корисникот. Системот за криптовалута комуникативно поврзан со уредот на корисникот, може да провери дека податоците за активноста на телото исполнуваат еден или повеќе услови, утврдени од системот и да ја додели криптовалутата на корисникот, чијашто активност на телото е потврдена”, пишува повеќе во описот.

Според девелоперите на софтверската компанија, некој ќе може да ги реши сложените компјутерски проблеми потсвесно без да се потпира на скап и енергетски интензивен хардвер.

Поврзани вести

Нови телефони на BlackBerry, со класични тастатури и 5G, пристигнуваат оваа година

Влатко Зорба

Samsung Galaxy W20 5G може да биде промовиран уште овој месец

msp-admin

Фејсбук укинува уште една популарна опција, еве како да ги зачувате податоците пред да исчезнат

Влатко Зорба