СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Мaск: Луѓето мора да се поврзат со машини или ќе станат бескорисни

Милијардерот Елон Маск е познат по своите футуристички идеи, а неговиот последен предлог е да нè спаси од безначајноста затоа што вештачката интелигенција станува сè поприсутна. Директорот на компанијата „Тесла“ и „Спејс Х“ изјави дека луѓето мора да се поврзат со машините за да станат еден вид киборзи.

„Мислам дека со тек на време веројатно ќе видиме поблиска врска помеѓу биолошката и дигиталната интелигенција“, рече Маск на присутните на Самитот на светските влади во Дубаи, пренесува CNBC.

„Главно станува збор за ширина на опсег, брзина на врската помеѓу вашиот мозок и дигиталната верзија на себеси“, рече Маск.

Тој објасни што значи кога тој вели дека компјутерите можат да комуницираат со брзина од „трилион бита во секунда“, додека луѓето, чиј главен начин на комуникација е притискање со прстите преку мобилен уред, можат да комуницираат со брзина од 10 бита во секунда.

Во ера кога вештачката интелигенција се заканува дека ќе стане широко распространета, луѓето би биле бескорисни, така што има потреба да се поврзат со машините, рече Маск.

„Некој интерфејс со големи можности за поврзување со мозокот ќе биде нешто што помага да се постигне симбиоза на човечката и машинската интелигенција и може да го реши проблемот со контролата и корисноста“, објасни Маск.

Предлогот на технологот е нов слој на мозокот кој може брзо да пристапува до информации и да влезе во вештачка интелигенција. Не е прв пат Маск да зборува за потребата луѓето да се развиваат и тоа е постојана тема на неговите разговори за тоа како општеството може да се соочи со разорната закана од вештачката интелигенција.

Длабоката вештачка интелигенција е опасна

За време на разговорот, Маск се осврна на неговиот страв од „длабока вештачка интелигенција“, што ги надминува беспилотните возила и оди на, како што рече, „вештачка општа интелигенција“. Тоа го опиша како вештачка интелигенција која е „попаметна од најпаметниот човек на светот“ и ја нарече „опасна ситуација“.

Иако тоа би можело да се случи, шефот на „Тесла“ рече дека најголема опасност е тоа што вештачката интелигенција, особено автономните автомобили развиени од неговата компанија, ќе ги намалат работните места. Тој рече дека укинувањето на луѓе чија работа е да возат ќе се случи во наредните 20 години, по што 12 до 15 проценти од глобалната работна сила ќе бидат невработени.

„Најблиското влијание од технолошка гледна точка се автономните автомобили … Тоа ќе се случи многу побрзо отколку што мислат луѓето и ќе бидат од голема корист“, рече Маск.

Поврзани вести

Xiaomi претстави детектор за скриени камери

msp-admin

GoPro Hero8 Black носи многу интересни подобрувања (ВИДЕО)

msp-admin

Наскоро доѓа првиот смартфон на Motorola со подвижна селфи камера

msp-admin