СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Microsoft го покажа новото лого на Windows и над 100 редизајнирани икони

Веќе подолго време знаевме дека Microsoft планира целосна промена на иконите за своите услуги и апликации, а по новото лого на Office, сега можеме да видиме други од променетите графички знаци. Компанијата објави дека менува повеќе од 100 икони во своите услуги со нови бои, материјали и форми. Ова го вклучува и логото на Windows. Сето ова е дел од обидот на компанијата од Редмонд да ги модернизира своите софтвер и услуги со концептот Fluent Design.

Предизвик за дизајнерскиот тим беше да го креираат чувството за иновации и промени, но во исто време да го направат изгледот познат на потрошувачите. Повеќето икони не се радикално променети, но имаатмали корекции. Притоа, сепак, Microsoft постигнува одреден степен на усогласување, особено во однос на некои од постарите икони што се наоѓаат во неговите производи со децении.

Со воведувањето на Windows 10X, направена е промена во логото на оперативниот систем од она што досега го знаевме. Платформата, која е наменета за уреди со двоен екран, има дури и ново мени за лансирање што ги отстранува нам познатите „Live Tiles“. Новото лого на Windows е со син градиент и вклучува неколку нијанси во различни делови.

Потсетуваме дека пред една година, Microsoft го претстави новиот дизајн на икони со апликации од нивниот канцелариски пакет, а во меѓувреме компанијата го развива нивниот концепт за Fluent Design. Променетите икони на апликации и услуги се очекува да се случат во 2020 година.

Поврзани вести

Huawei изгледа подготвува паметен часовник во серијата Nova

Влатко Зорба

Google воведува опција за стриминг на содржина помеѓу паметни уреди

msp-admin

Apple размислува за iPhone на склопување

Влатко Зорба