СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Наскоро можно плаќање и трансфер на пари преку WhatsApp

Фејсбук најави нова опција за една од најпопуларните комуникациски услуги со кој ќе им даде на корисниците нови можности, но и конечно да започне со монетизација на апликацијата, за која платија скоро 20 милијарди долари.

Станува збор за можност за испраќање пари до контакти и плаќање на компании директно од WhatsApp, но треба да се напомене дека оваа опција сега е достапна само во Бразил, кој е втор по големина пазар за оваа апликација. Иако веќе постојат слични решенија за испраќање пари и мобилни плаќања (во светот, но и во Македонија), за нивно користење потребно е прво да се преземе специјална апликација, понекогаш да се поканат други корисници да ги преземат и слично.

Со WhatsApp, што го користат скоро сите, нема да има потреба да преземате дополнителни апликации и откако сметката ќе се поврзе со WhatsApp, испраќањето пари ќе биде слично на испраќањето пораки, со првично овластување на корисникот, така што парите не се испраќаат случајно или на погрешен број. За да испратите пари до контакти или да платите за услуги, прво мора да внесете шестоцифрен код или да ја потврдите трансакцијата со биометрика. Испраќањето пари на контактите ќе биде целосно бесплатно, но затоа Facebook ќе им наплати на компаниите 3,99 проценти провизија за плаќања за нивните услуги и производи.

Од Facebook велат дека плаќањето преку WhatsApp е овозможено преку опцијата „Facebook Pay“ и нагласува дека во иднина сакаат корисниците и компаниите да ги користат истите информации за картичката во рамките на сите апликации на Facebook. Првично, WhatsApp ќе поддржува дебитни и кредитни картички на неколку банки, чиј список ќе се зголеми во иднина, така што услугата ќе биде достапна за сè поголем број корисници.

Бразил е само првиот чекор во финансиските планови на Фејсбук и тие со нетрпение ја очекуваат можноста за плаќање преку WhatsApp во иднина, но не е познато кога можеме да го очекуваме тоа.

Поврзани вести

Амазон ја забрани употребата на својот софтвер за препознавање лица

msp-admin

Се подготвува iPhone 13 со простор од 1 терабајт?

msp-admin

Steam постави нов рекорд – 26 милиони корисници истовремено

Влатко Зорба