СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Microsoft размислува плаќање за Xbox игри со биткоин

Откако биткоинот скокна за скоро 600% за помалку од една година, многу компании започнаа да размислуваат за усвојување на оваа криптовалута како средство за плаќање на нивните добра или услуги.

На пример, Tesla навести дека наскоро ќе воведе биткоин како средство за плаќање на своите електрични возила, а Microsoft ги истражува мислењата на потрошувачите за користење биткоин за плаќање игри и услуги во својата онлајн продавница за Xbox.

Корисниците на популарниот форум Reddit ги коментираа прашањата кои Microsoft им ги постави на корисниците на конзолите Xbox One и Xbox Series X, како дел од новата студија. Во него се зборува за удобни начини на плаќање, а заедно со редовната картичка за плаќање, опциите вклучуваат и биткоин.

Се разбира, досега не се зборува за каква било интеграција на биткоин и механизми за плаќање во онлајн продавницата, но во иднина тоа е сосема можно. Особено ако вредноста на криптовалутата продолжи да расте.

Во такво сценарио, може да се очекува дека биткоинот ќе стане истото стандардно средство за плаќање како дебитната картичка или PayPal. Така, криптовалутата ќе излезе од областа на шпекулативни трансакции и ќе стане вистинско платежно средство.

Поврзани вести

И автомобилите на BMW ќе поддржуваат Android Auto

msp-admin

Vivo APEX 2020 се појави во Барселона (ФОТО)

msp-admin

Битка за PlayStation 4: Стотици луѓе против полицијата за конзолата за игри од 95 евра

msp-admin