СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Научници откриле како да предвидат земјотреси

Научници откриле како да ги предвидат земјотресите со помош на мали и привремени промени во гравитацијата на Земјата.

Ова ќе им овозможи да ја предвидат јачината и времетраењето на природниот феномен многу пред да се појави, пренесува специјализираното издание Scienceirect.

За целта, истражувачите користат сигнали што се шират со брзина од околу 300.000 км во секунда и можат да бидат откриени долго пред релативно бавните сеизмички бранови, кои се движат со брзина од 8 км во секунда.

Ненадејни промени во гравитацијата, предизвикани од мешање на внатрешната маса на Земјата или PEGS (брзи еластично-гравитациски сигнали), се откриени неодамна од страна на научниците.

Користејќи ги, пресметувањето на доаѓање на земјотресите е можно долго пред да се појават.

Треба да бидете свесни дека гравитациониот ефект на феноменот е исклучително мал. Сочинува помалку од една милијардити од тежината на планетата Земја.

Затоа, сигналите PEGS можат да бидат регистрирани само при многу силни земјотреси.

Покрај тоа, процесот на нивно создавање е комплициран: тие не само што се појавуваат директно во близина на местото каде што ќе има земјотрес, туку и се шират во „утробата“ на Земјата.

Поврзани вести

Научниците „програмираат“ бактерии за складирање на податоци

Влатко Зорба

10 вредни вештини во сајбер безбедноста кои се важни во 2021 година

Влатко Зорба

Отстранета апликација за тајни забави во време на КОВИД-19 од App Store

Влатко Зорба