СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Новата мобилна апликација на Microsoft Office комбинира Word, Excel и PowerPoint

Microsoft објави нова мобилна апликација на Microsoft Office за iOS и Android, која конечно ќе комбинира во едно различни компоненти на пакетот.

До сега, мобилните верзии на Word, Excel и PowerPoint за двете платформи беа достапни како посебни апликации, што дефинитивно не е најлогичното нешто, но корисниците сега ќе можат да ги добијат во една, помала инсталација.

Апликацијата вклучува нов панел кој содржи копчиња за брз пристап до разни активности – споделување на датотеки со компјутер или други телефони во близина, вадење текст од фотографии, конвертирање на табела во фотографија во Excel, создавање PDF на фотографии или документи, потпишување на PDF датотеки, скенирање QR кодови, итн.

Пробната верзија на новата апликација Office сега е достапна за телефони – Android на Google Play, а корисниците на iOS можат да се запишат преку програмата TestFlight на Apple.

Поврзани вести

iPhone 12 ќе биде првиот смартфон на компанијата со вграден сензор за отпечатоци на екранот

msp-admin

Netflix воведува автоматско преземање содржина која би можело да ве интересира

Влатко Зорба

5G технологија: Покренување на еволуцијата на сајбер безбедноста

Влатко Зорба