СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Новите Pixel Buds се целосно безжични (ВИДЕО)

Заедно со телефоните Pixel 4, Google ја претстави и новата генерација на слушалки Pixel Buds, кои сега се целосно безжични и нудат полесен пристап до виртуелниот асистент на Google. Моделот вклучува микрофони со широк опсег кои овозможуваат препознавање на гласовни команди за активирање и контролирање на Google Assistant, како и да остварува мобилни повици. Секоја слушалка вклучува и специјално дизајнирана батерија и звучник.

Од компанијата велат дека кога се ставаат во уво, се добива квалитетна изолација, што е балансирано со додавање на амбиентален шум преку специјални отвори во структурата. Слушалките можат да ја прилагодат јачината на звукот кон околината, а може да се прилагодат и преку говорни команди.

Вградените батерии обезбедуваат траење на батеријата до 5 часа со едно полнење, а преку кутијата за складирање, корисниците можат да добијат уште до 19 часа. За поврзување со паметен телефон и други уреди се потпираат на Bluetooth, а според Google, корисниците можат да сметаат на опсег од цели 110 метри на отворено или преку три простории во затворен простор.

Слушалките ќе бидат по цена од 179 долари и ќе бидат достапни следната пролет во неколку бои – портокалова, зелена, бела и црна боја.

Продажбите ќе започнат во Австралија, Канада, Франција, Германија, Ирска, Италија, Јапонија, Сингапур, Шпанија, Велика Британија и САД.

Поврзани вести

Смартфонот со екран на преклопување на Apple може да се појави во 2023 година

Влатко Зорба

Lockheed Martin ќе гради 5G мрежа во вселената

Влатко Зорба

Фејсбук ќе им овозможи на своите вработени да работат од дома до крајот на годината

msp-admin