СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

NVIDIA ја претстави GeForce Now

NVIDIA со месеци ја тестира својата нова облачна услуга за игри, но веќе се подготвени со финалниот производ. Компанијата официјално потврди дека платформата, наречена GeForce Now, сега е достапна за потрошувачите. За разлика од Google Stadia, сепак, услугата на NVIDIA не е наменета да гарантира оптимален квалитет на сопствениот каталог на игри. Наместо тоа, GeForce Now ви дозволува да ја поврзете вашата сметка во Steam, Epic или Battle за да уживате во насловите, што веќе сте ги купиле од овие надворешни платформи, пренесува TechCrunch.

Корисниците имаат можност да се регистрираат за бесплатна сметка на NVIDIA GeForce Now за да ја испробаат услугата. Во овој случај, сепак, постојат неколку ограничувања, како на пример, гејминг сесијата да не трае повеќе од 60 минути. Ако има премногу корисници поврзани со серверите на компанијата, ќе мора да почекате пред да започнете одредена игра. NVIDIA GeForce Now ви дозволува да изнајмите виртуелна машина хостирана на нивните центри за податоци додека ги играте вашите омилени наслови.

Другата опција е да се купи месечна претплата за „Founders“ верзијата на услугата, која чини 5,40 € месечно и ги елиминира сите горенаведени недостатоци. Така можете да играте каде што сакате без временски рок. Новата услуга за стриминг на игри веќе не е ограничена на Android, бидејќи е достапна и за macOS, Windows и за ТВ-конзолата NVIDIA Shield. Со текот на времето, компанијата вети дека ќе го прошири својот каталог на наслови, кои се оптимизирани за платформата за игри.

Поврзани вести

Мајкрософт ќе се бори против јаглеродниот диоксид

msp-admin

Наскоро доаѓа гејминг смартфонот Black Shark 4

Влатко Зорба

Google го следи однесувањето на корисниците на Android

Влатко Зорба