СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Паника: Инстаграм и Фејсбук не работат

Поради дефект на серверот, Инстаграм престана да работи, пренесува Independent.

Весникот наведува дека дефектот се случил околу 20 часот, и дека се чини дека самата апликација функционира нормално, но невозможно е да се објават нови фотографии. Огромен број поплаки за работата на апликацијата доаѓаат од сите делови на светот, а беа забележани и кај нас.

Овие две платформи многу често имаат проблеми со функционирање во исти периоди, дури „паѓаат“ истовремено, најверојатно затоа што делат инфраструктура иако се независни.

WhatsApp, апликација која ја користи истата инфраструктура, моментално работи непречено.

Оние кои забележуваат проблеми со работата на Фејсбук наведуваат дека добиваат стандарди за предупредување: пораки во кои се вели дека „нешто не е во ред“ и дека компанијата ќе го реши проблемот во најбрз можен рок.

Проблемите на Инстаграм ги пријави и страницата „Down Detector“.

Поврзани вести

Докажано: Ковид-апликациите за барање контакти го намалуваат бројот на инфекции со коронавирус

Влатко Зорба

Facebook ќе им плаќа на корисниците да снимаат аудио-записи

msp-admin

Zoom енкрипција „од крај до крај“ за сите корисници

msp-admin