СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Премиерата на Nokia 9.1 PureView е одложена за 2020 година?

Најновиот предводник на HMD Global Nokia 9 PureView не постигна голем успех, а нејзината премиера на пазарот беше проследена со некои проблеми.

Финците веројатно ги научилелекциите и првичните информации укажуваа, дека идниот Nokia 9.1 PureView се очекува да има големи подобрувања во перформансите на камерата и додавање на актулениот Snapdragon 855 чипсет.

Првичниот рок за деби на уредот беше до крајот на летото, но потоа излегоа информации дека сепак ќе го видиме на крајот на годината.

Сега се чини дека фановите ќе треба да почекаат до следната година и нејзиниот втор квартал за да го добијата предводникот.

Оваа информација доаѓа од профилот Nokia anew на Твитер, кој честопати детализира за идните планови на HMD Global. Засега не е јасно дали информациите се веродостојни и што ја одложува премиерата.

Во оваа ситуација, веројатно е дека HMD Global ќе се обложи на идниот чипсет Snapdragon 865.

Поврзани вести

Смартфони со Qualcomm SoC за 55 долари ќе го преплават пазарот

Влатко Зорба

Samsung објави ново софтверско ажурирање за Galaxy S10e, S10, S10+ и S10 5G

msp-admin

ВИДЕО покажува интересна промена во дизајнот на Mate X

msp-admin