СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Samsung го одложува следниот Galaxy Note поради недостиг на чипови

Samsung одржа годишен состанок со акционерите во Јужна Кореја, за време на кој извршниот директор ДиЏеј Кох откри неколку информации за плановите за серијата Note.

Тој посочи дека компанијата размислува да го прескокне претставувањето на телефонот за 2021 година поради сериозната нерамнотежа на глобалниот пазар на полупроводници, што значи дека побарувачката за чипови е поголема од постојната залиха.

Кох посочува дека Samsung сака да претстави нови производи, но поради невообичаената ситуација со чиповите, „тајмингот може да варира“ и дека линијата Note треба да биде достапна навреме следната година.

Аналитичарите предвидуваат дека недостатокот на телефони Galaxy Note ќе влијае на испораката на Samsung за околу 5%, но значително ќе влијае на приходите, бидејќи станува збор за една од најскапите серии телефони во Galaxy еко-системот.

Поврзани вести

Apple размислува за iPhone на склопување

Влатко Зорба

Серијата Huawei P50 ќе има подобри Leica камери

Влатко Зорба

Ова се најдеталните рендери на телефонот Galaxy Z Fold3 досега

Влатко Зорба