СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Samsung може да претстави три Exynos чипсети оваа година

Корисникот Ice Universe сугерира дека Samsung оваа година ќе претстави три чипсети Exynos – модел од серијата 800 во средниот сегмент, 1200 серии во горниот сегмент и премиум серија 2200. Чипсетите од серијата 1200 и 2200 треба да имаат графички процесори базирани на AMD RDNA архитектурата.

Според претходните извештаи, Samsung ќе го демонстрира графичкиот процесор во јуни, додека комплетните чипсети ќе бидат претставени подоцна. Првите телефони со AMD графички процесори можеби нема да се појават пред следната година, но засега нема официјален план за нивно објавување.

Се претпоставува дека овие чипови Exynos / AMD ќе работат на телефони, но Samsung работи и на Windows 10 лаптоп. Според ZDNet Korea, лаптопот со чипот Exynos 2200 ќе биде претставен во текот на третиот квартал оваа година.

Претходните лаптопи Windows-on-ARM лаптопи на Samsung користеа чипови „Qualcomm“.

Поврзани вести

Motorola го демонстрира своето безжично полнење од далечина (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Microsoft прави Windows 10Х ОС базиран на IoT

msp-admin

Сите на едно место: Фејсбук ги поврзува трите најпопуларни апликации

msp-admin