СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

„Самсунг“ патентираше модул од 6 камери за мобилен телефон

Новиот патент кој се појави на Интернет, покажува нов начин за прегледување на поставките за камерите на телефоните. Целта е, очигледно, да има што е можно повеќе камери, така што „Самсунг“ постави шест од нив на тој патент. Тоа би било рекорд, затоа што телефонот Нокиа 9 минатата година донесе дури пет камери.

Според достапните информации, овој патент е поднесен минатата година, а се нарекува „апарат и метод за контрола на модул со повеќе камери во дигитална фотографија“. Патентот опфаќа 55 страници. Затоа, може да се заклучи дека компанијата експериментира со модули кои имаат пет објективи со широк агол и еден објектив за телефото, како и други варијации.

Она што е интересно овде е дека секој од овие објективи има посебна можност за движење, што овозможува стабилизација независно од другите објективи. На овој начин и со паметна употреба на софтверски алгоритми, се очекува да се направи драстично подобар квалитет на фотографија.

Поврзани вести

Sony PlayStation 5 ќе излезе во продажба во Европа за 499 евра од ноември 2020 година

msp-admin

Македонија шампион во League of Legends и вицешампиони во Counter Strike: Global Offensive

msp-admin

Samsung ќе воведе голем број софтверски иновации со Galaxy S20 и Fold 2

msp-admin