СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Се појавија првите вируси за Arm-базираниот MacBook

Неколку месеци по објавувањето на првите лаптопи MacBook напојувани од процесор Apple M1 со Arm архитектура, се појавија првите вируси прилагодени за новата платформа.

Вирусите за Mac компјутерите отсекогаш биле поретки отколку за Windows. Ова се должи на затворената природа на самиот macOS, како и контролата на оперативниот систем од страна на Apple.

Сепак, хакерите не стојат во место и веќе адаптираа неколку вируси за новиот процесор „Apple М1“, според публикација на „Wired“. Истражувачот за компјутерска безбедност Патрик Вардл известува за злонамерната наставка GoSearch22 за прелистувачот Safari, која припаѓа на семејството на рекламни вируси Pirrit.

GoSearch22 се однесува на класичен начин – се преправа дека е законско продолжение за Safari, но собира кориснички податоци и потоа прикажува несакани рекламни банери на страниците, а кликнувањето на нив ги носи корисниците на заразени страници.

Експертите се загрижени за неизбежната појава на вируси за Apple M1, бидејќи безбедносните алатки сè уште не се во можност да се справат со нив. Досега, првите вируси за М1 не претставуваат сериозна закана, но нивното брзо појавување покажува дека во иднина, корисниците на Mac можат да наидат на поопасни вируси.

Поврзани вести

Протекоа детали за евтиниот модел на iPhone

Влатко Зорба

Што ќе се случи со оние кои не ги прифаќаат новите правила на WhatsApp?

Влатко Зорба

Apple ќе се префрли на своја 5G опрема во 2023 годна