СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

„Speedtest“ добива нова опција за iOS уредите

Компанијата што го направи популарниот Speedtest, Ookla, во својот последен блог објави дека воведува интересна нова опција за уредите со iOS.

По ажурирањето, апликацијата ќе може да ја предвиди максималната резолуција на видеото, како и времето на вчитување и „баферирање“ на вашата мрежа. Тестирањето е бесплатно, и наскоро треба да стигне до другите платформи.

Како што објаснуваат, потребен е посебен тест за квалитетот на видеото, бидејќи Интернет-провајдерите го третираат видеото поинаку во однос на другите начини на трошење на податоците.

Ова значи дека вашата мрежа има побрз пренос за видеа отколку, на пример, за текст и фотографии.

Како да се тестира брзината на пренос на видео?

Тестирањето на видео-преносот со Speedtest е многу едноставно. Откако ќе ја отворите апликацијата, изберете ја опцијата „Видео“ и потоа жолтото копче. Апликацијата ќе ги измери можностите за трансфер за различни квалитети на видеото пред да ги добиете резултатите, пренесува tPortal.

Видеото доаѓа кај вас преку адаптивни стапки на пренос што го прилагодуваат квалитетот на сликата во однос на состојбата на вашата мрежа. Исто така, постои можност овој тест да ве извести дека вашата мрежа не може да поддржува максимална резолуција на уредот.

Поврзани вести

Instagram ја исклучува Lite апликацијата и прави нова верзија

msp-admin

Steam постави нов рекорд – 26 милиони корисници истовремено

Влатко Зорба

Razr 2 ќе има сензори за движење и командни гестови во рамките околу екранот

msp-admin