Тековната година веќе беше многу успешна за Steam, а платформата сега забележа повеќе од 26 милиони корисници кои ја користат услугата истовремено за прв пат. Минатиот месец, Steam имаше 25 милиони истовремени корисници, што укажува на голем раст на компјутерите како гејминг платформи.
Новиот рекорд доаѓа по објавувањето на играта NIOH 2 Complete Edition на Steam, како и информацијата дека кинеската игра Ghost Valley Yawara на платформата го надминала бројот на 175.000 играчи истовремено.
Неодамнешното објавување на игри, како што се Apex Legends, исто така придонесува за успехот на платформата на Valve. Сепак, постарите омилени наслови сè уште доминираат, а меѓу нив се и Counter-Strike: Global Offensive, Dota 2, PlayerUnknown’s Battlegrounds и GTA V, и тие ја формираат најголемата база на гејмери на Steam.
Во моментов, Counter-Strike: Global Offensive е најпопуларната игра на Steam со максимален број играчи од 1.119.604 во последните 24 часа. Ова значи дека CS: GO игра над милион гејмери секој ден.