СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Tesla покажа футуристички пикап Cybertruck (ВИДЕО)

Шефот на Tesla, Елон Маск, уште еднаш го привлече вниманието со лансирање на целосно нов електричен автомобил. Се работи за пикапот Cybertruck кој ќе влезе во производство во 2021 година.

Аголниот дизајн на автомобилот го прави прилично необичен. Во срцето на Cybertruck е специјално дизајниран „егзоскелет“ кој обезбедува неопходна издржливост и високо ниво на заштита за патниците. Предвидена е употреба на не’рѓосувачки челик.

Tesla ќе им понуди на купувачите три главни верзии на пикап-камионот. Најприфатливиот модел има само еден електричен мотор монтиран на задната оска. Пикапот ќе забрзува од 0 до 100 км на час за околу 6,5 секунди, а декларираната километража со едно полнење е 400 км. Автомобилот може да влече приколка со тежина до 3,4 тони. Моделот е со цена од 39.900 долари.

Следното ниво е верзија која се напојува од два електрични мотори – на секоја оска. Овој модел ќе забрзува до 100 км за 4,5 секунди и ќе има опсег од над 480 км. Вкупната маса на приколката достигнува 4,5 тони. Пикап со овие карактеристики чини 49.900 долари.

На врвот е верзија на Cybertruck со три мотори. Забрзувањето од 0 до 100 км на час ќе потрае само 2,9 секунди, а батеријата ќе обезбеди да се поминат до 800 км. со едно полнење. Камионот ќе може да влече приколка со тежина до 6,4 тони. Цената на топ-моделот е 69.900 долари.

Адаптивната воздушна суспензија ќе се користи во сите модификации. Cybertruck е опремен со инструменти за самоуправување, но за целосен автопилот (опција за самостојно возење), купувачите ќе мора да доплатат 7.000 долари.

Кабината може удобно да смести шест лица. Информативниот центар на одборот е опремен со голем 17-инчен екран на допир.

Cybertruck сега е достапен за нарачка. Tesla планира да започне со производство на пикапoт во 2021 година.

Поврзани вести

Microsoft пројавува интерес за паметна облека

msp-admin

Бројот на апликации во Huawei AppGallery речиси двојно зголемен за 1 година

Влатко Зорба

Microsoft ќе понуди почести надградби за Edge

Влатко Зорба