Јапонскиот производител Тојота откри смел план за создавање на прототип на „градот на иднината“. Проектот го носи името Woven City и неговата идеја е да создаде нов вид на „безбедни, чисти и паметни“ градови. Ова го соопштија од компанијата за време на технолошкиот саем CES 2020.
Според Џејмс Кауфнер, кој е извршен директор на Toyota Research Institute, овој концепт се развивва веќе една година.
Првиот прототип ќе биде „паметен“ град кој, покрај станбените згради, ќе има и своја полиција, пожарна, брза помош и училишта. Вработените во Тојота, нивните деца и пензионери ќе живеат таму. „Ткаениот град“ треба да се простра на 71 хектар.
Проектот ќе биде остварен на парцела во која моментно се наоѓа фабрика за автомобили на компанијата. Таа треба да запре со работа до крајот на 2020 година. По завршувањето на првата фаза од проектот, 2.000 луѓе ќе започнат да живеат таму.
Компанијата не посочува колку ќе биде инвестицијата во „паметниот“ град. Работата на него треба да започне следната година.
Тојота има искуство во градежништвото. Нејзината подружница Toyota Housing има продадено повеќе од 100,000 домови во Јапонија во последните 37 години.