СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Twitter ја започнува програмата „Birdwatch“ наменета за борба против дезинформациите

Twitter ја лансираше својата програма „Birdwatch“ што им овозможува на корисниците да проверуваат информации на твитови, објавија на нивната страница.

Програмата им овозможува на корисниците да додадат белешки кои дополнително го разјаснуваат објавувањето или го означуваат како погрешно. На овој начин, тврди Twitter, ќе биде полесно да се идентификуваат дезинформациите. Во моментов го тестираат 1.000 луѓе од Соединетите држави, а засега можат да напишат белешки на посебна „Birdwatch“ страница“, но наскоро ќе бидат видливи на Twitter.

Twitter тврди дека се бори против ширењето на дезинформации и пропаганда на својата платформа, а пример за тоа се бројни соопштенија за претседателските избори во САД, кои беа етикетирани како погрешни или измамнички.

Twitter наводно сака белешките да бидат „гласот на заедницата“, односно да бидат создадени исклучиво од обични луѓе кои ја користат мрежата и тие да го обликуваат Birdwatch.

Според официјалното соопштение, програмата ќе биде транспарентна и сите податоци што придонесуваат за неа ќе бидат јавно достапни и ќе можете да ги преземате во TSV-датотеки, а исто така ќе се објавуват алгоритмите што ја управуваат.

Поврзани вести

Signal изгрева за сметка на WhatsApp

Влатко Зорба

Instagram додава Live Rooms и стриминг со најмногу тројца гости

Влатко Зорба

Проблемот со скенерот за отпечатоци на Samsung Galaxy S10 ја опфаќа и серијата Note10 (ВИДЕО)

msp-admin