СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

WhatsApp додава гласовни и видео повици во својата десктоп апликација

Гласовните и видео повици еден-на-еден конечно се достапни како дел од десктоп апликацијата WhatsApp за Windows и Mac. Популарната услуга за пораки досега ги нудеше само овие карактеристики за својата апликација за мобилни телефони и започна да ја тестира десктоп апликацијата кон крајот на минатата година.

Во најавата, услугата посочува дека е забележано големо зголемување на бројот на корисници кои се јавуваат на WhatsApp во текот на претходната година. Ова не изненадува, со оглед на тоа што пандемијата на коронавирус доведе до тоа видео и говорните услуги се повеќе да се користат за да се одржат корисниците поврзани со семејството и пријателите.

Со нудење видео повици на десктоп компјутери, WhatsApp им овозможува на корисниците појасно да ги видат своите сакани. Покрај тоа, им овозможува да прават други работи и да се движат додека зборуваат.

WhatsApp гласовните и видео повиците работат во портрет и панорамска позиција, а корисниците можат да го прилагодуваат изгледот на прозорците за разговор на горниот дел од другите отворени апликации.

Во моментов, достапни се само енкриптирани еден-на-еден повици, за да се осигура дека сè функционира правилно. WhatsApp ветува дека ќе ја прошири функцијата за да вклучува групни гласовни и видео повици во иднина.

Поврзани вести

Huawei покренува нова кампања „Вистнски приказни“

msp-admin

Google Play: Пристигнуваат апликации за коцкање

Влатко Зорба

Tesla покажа футуристички пикап Cybertruck (ВИДЕО)

msp-admin