СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Русија ќе го блокира Твитер ако мрежата не ја отстрани забранетата содржина

Русија ќе го блокира Твитер во рок од еден месец, освен ако позната американска социјална мрежа не избрише забранета содржина, објавија руските новински агенции во вторникот повикувајќи се на висок регулаторен службеник.

Москва минатата недела објави дека ја намалила брзината на Твитер во Русија како предупредување затоа што компанијата не отстранува одредена забранета содржина.

Твитер тогаш соопшти дека е загрижен за влијанието на Русија врз слободата на говорот и ги негираше обвинувањата на руските власти дека нејзината платформа била искористена за промовирање на незаконско однесување.

Во посериозен конфликт, Вадим Суботин, заменик-шеф на Роскомнадзор, руско државно тело за надзор над комуникациите, во вторникот изјави дека Твитер сè уште не презел ништо за наведените проблемите и дека руската мрежа ќе биде блокирана за еден месец, ако не го стори тоа.

„Твитер не одговара на нашите барања како што треба. Ако ситуацијата продолжи, тој ќе биде блокиран за еден месец без судски налог“, истакна Цуботин, објави новинската агенција „Интерфакс“.

Покрај тоа, тој рече дека Твитер сè уште може да избегне блокирање ако дозволи бришење на забранетата содржина што, според Москва, вклучува детска порнографија и материјал за нелегална дрога и самоубиство на дете.

Твитер не одговори на барањето за коментар.

Американската платформа веќе беше под притисок во Русија откако претходно овој месец беше наведена како една од петте платформи за социјални мрежи обвинети за неуспехот да ги избришат објавите со кои се повикуваат децата да учествуваат во нелегални протести.

Руското Министерство за надворешни работи во саботата ги обвини Соединетите држави дека користат информатичка технологија за да придонесат за создавање нелојална конкуренција и дека дозволуваат произволна и неселективна цензура на содржината во социјалните медиуми.

Поврзани вести

Tesla покажа футуристички пикап Cybertruck (ВИДЕО)

msp-admin

Употребата на Skype се зголеми за 70 проценти, акциите во комуникацискиот сектор растат

msp-admin

iFixit: Samsung Galaxy S21 е полесен за поправка од S20 моделот (ВИДЕО)

Влатко Зорба