СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

WhatsApp предупредува: Не ги преземајте овие апликации!

Корисниците на WhatsApp, најпопуларниот месинџер во светот, треба да бидат свесни за опасностите што доаѓаат од лажни верзии на оваа популарна апликација.

Имено, на бројните APK (Android application package) страници, можно е да се пронајдат верзии на апликацијата WhatsApp, за платформи Android и iOS, кои се „изменети“ за да им дадат на корисниците многу дополнителни опции, кои не постојат во оригиналната верзија на апликацијата.

Преземањето на вакви верзии, кои не се преземени од официјалната App Store и Google Play Store, претставува голем ризик од загрозување на приватноста на корисниците, бидејќи таквите изменети и неофицијални верзии можат да го направат телефонот ранлив.

Еден од најчестите напади што ги користат хакерите се т.н. Man In the Middle” (MITM) напади, кои се карактеризираат со тоа што можат да ја пресретнат секоја порака што ја испраќате, но и да ја променат пред да стигне до личноста на која е испратена, пишува „Дејли експрес“.

Поради појава на лажни верзии на апликацијата, „вистинскиот“ WhatsApp објави дека сите сметки за ко е утврдено дека доаѓаат од модифицирани апликации, за безбедност на сите корисници, автоматски ќе бидат деактивирани.

Поврзани вести

„Youtube“ во Индија тестира апликација слична на „TikTok“

msp-admin

Летонија ќе биде 5G воен тест центар на НАТО?

Влатко Зорба

Apple нема да ги претстават iPhone 11S, iPhone 11S Pro и iPhone 11S Pro Max

msp-admin