СТАНДАРД life
Здравје

Две ФАТАЛНИ ГРЕШКИ кои ги прават луѓето со ВИШОК КИЛОГРАМИ

Губењето на вишокот килограми воопшто не е лесен процес, особено кога сакаме целосно да искорениме некои навики, додека други се трудиме да ги воведеме во нашето секојдневие, како што е редовната физичка активност.

Меѓутоа, луѓето кои сакаат да ослабат обично „паѓаат“ на 2 грешки, за кои диететичарите велат дека го забавуваат и го отежнуваат топењето на вишокот килограми.

1. Јадење овошје веднаш по главниот оброк

Според студиите, многу е здраво да се конзумира овошје помеѓу оброците, но со растојание од најмалку еден час. Овошјето кое се јаде веднаш по оброкот нема правилно да се вари, што значи дека телото нема да ги апсорбира хранливите материи.

Значи, јадењето овошје после оброк нема да биде корисно за вашето здравје и може да доведе до зголемување на телесната тежина.

2. Одење во кревет веднаш по јадење

Ова може да предизвика непријатност во стомакот и да доведе до надуеност. Исто така, јадењето доцна навечер, може да предизвика потешкотии со спиењето, а нашироко е познато дека квалитетниот сон е од клучно значење за ефикасно слабеење.

Многу нутриционисти препорачуваат да ја завршите вечерата два часа пред да си легнете.

Поврзани вести

Лимонот е штетен за одредена група луѓе

Urednik

Храна за оние кои седат многу: како да се јаде во канцеларија?

Urednik

Што му прави еден газиран пијалок на вашето тело?

Radmila Tasevska