СТАНДАРД life
Здравје

Кикириките и оревите штитат од прерана смрт

Половина рака ореви дневно, значи намалување на ризикот од прерана смрт, покажува едно најново холандско истражување објавено во научното списание International Journal of Epidemiology.

И некои претходни истражувања укажуваа на врската меѓу оревите и кардиоваскуларните болести, меѓутоа ова е првото коешто недвосмислено го потврдува тој однос, тврдат научниците.

Експертите од холандскиот универзитет во Маастрихт утврдиле преку десетгодишното проучување дека за 23 отсто се намалил ризикот од прерана смрт кај луѓето коишто јаделе најмалку десет грама ореви или кикиритки дневно. Меѓутоа, тоа не може да се каже и за популарниот путер од кикиритки, кој е солен и масен, предупредуваат лекарите.

Повеќе од 120.000 мажи и жени на возраст од 55 до 59 години дале во 1986 година податоци за своите навики во исхраната, а по десет години била анализирана нивната стапка на смртност. Ризикот од прерана смрт поради карцином, дијабетес, респираторни и невродегенеративни болести бил помал меѓу оние кои јаделе ореви, покажало истражувањето.

Професорот Пиет ван ден Бранд, кој раководел со истражувањето, вели дека „Извонредно е откритието дека уште е понизок ризик е забележан веќе кај консумирањето на 15 грама ореви или кикиритки на ден“.

Експертите во текот на истражувањето го зеле предвид и фактот дека оние коишто јаделе ореви, консумирале и повеќе овошје и зеленчук, како и дека жените коишто јаделе ореви биле послаби.

Поврзани вести

ПРИРОДНО ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ИМУНИТЕТОТ: Две киви дневно ја заменуваат потребата од земање ВИТАМИН Ц

Urednik

Најдобрата и најлошата храна за црниот дроб

Urednik

Зошто ни е потребен селенот?

Urednik