СТАНДАРД life
Здравје

НАМАЛЕТЕ ЈА АНКСИОЗНОСТА НА ПРИРОДЕН НАЧИН: „Скратете“ на шеќер, сол и кофеин

Анксиозноста може да се третира на различни начини, најчесто со терапија или одредени лекови по препорака на психијатар, кои ги балансираат хемиските процеси во мозокот. Сепак, постојат и природни начини на кои можете да ги ублажите симптомите.

Повремената анксиозност е нормална. Сепак, многу луѓе со анксиозни нарушувања често имаат интензивно, претерано, постојано чувство на загриженост и страв за секојдневните ситуации. Овие чувства на вознемиреност и паника се мешаат во секојдневните активности, тешко се контролираат, се непропорционални на реалната опасност и можат да траат долго.

Покрај лековите, психотерапијата и другите медицински третмани, постојат природни начини на кои можете да ги ублажите симптомите на анксиозност:

Бидете физички активни

Физичката активност го поттикнува лачењето на ендорфини и сератонини – невротрансмитери, кои го ублажуваат чувството на стрес и напнатост, го подобруваат расположението, а со тоа може да го намалат интензитетот на анксиозните нарушувања.

Исклучете го алкохолот од употреба

Бидејќи алкохолот може да делува како седатив, на почетокот може да ги ублажи симптомите на анксиозност. Сепак, истражувањата сугерираат дека долгорочната употреба на алкохол може да ја зголеми анксиозноста. Имено, прекумерното консумирање алкохолни пијалоци може да го наруши балансот на невротрансмитерите кои позитивно влијаат на менталното здравје. Нивната нерамнотежа го зголемува интензитетот на симптомите на анксиозност.

Исклучете ја од исхраната храната која многу стимулира

Исклучете од вашата исхрана високостимулативна храна како што се оние кои содржат индустриски шеќер, кофеин, голема количина сол, адитиви и конзерванси. Имено, низок шеќер во крвта, дехидрација или хемикалии во преработената храна, како што се вештачки вкусови, вештачки бои и конзерванси, може да предизвикаат промени во расположението кај некои луѓе. Исхраната богата со шеќер, сол и кофеин, исто така, може да влијае на појавата на анксиозност.

Седум суптилни знаци кои откриваат дека детето можеби страда од анксиозност

Поврзани вести

Еве како секојдневното јадење банани влијае на вашето тело

Radmila Tasevska

Колку леб можете да јадете на ден без да се здебелите?

Urednik

Не фрлајте ја лимоновата кора, таа е поздрава и од лимоновиот сок

Radmila Tasevska