АКО НЕ се контролира и не се обиде да го намали, високиот крвен притисок може да доведе до бројни несакани последици по нашето здравје.
Како што објаснуваат диететичарите, постојат одредени намирници кои апсолутно не се препорачуваат за луѓе со висок крвен притисок.
Еве за која храна станува збор:
Замрзната храна
Иако замрзнатата храна брзо и лесно се подготвува, диететичарите тврдат дека таа е потенцијално опасна за луѓето со висок крвен притисок. Како што предупредуваат, овие намирници се нездрави, особено богати со натриум, па затоа е најдобро да се избегнуваат.
Солени закуски
Повеќето чипсови, крекери и пуканки се исто така богати со натриум, па затоа диететичарите советуваат секој со висок крвен притисок да ги избегнува, пишува WebMD.
Преработено месо
Експертите нагласуваат дека преработеното месо инаку е многу лошо за консумирање, а особено е штетно за луѓето со висок крвен притисок. Покрај натриумот, содржи и бројни други состојки за кои се верува дека му штетат на срцето и крвните садови.
Алкохолни пијалоци
Конзумирањето алкохолни пијалоци може да го подигне крвниот притисок и тоа драстично, објаснуваат диететичарите. Истражувањата покажаа дека редовното пиење алкохол може да доведе до долгорочно зголемување на крвниот притисок, а со тоа и да доведе до проблеми со срцето.