СТАНДАРД life
Здравје

Ова овошје треба сите да го јадеме почесто, одлично влијае на целокупното здравје

Црното грозје не само што е вкусно и убаво по боја, туку има и многу здравствени придобивки ако често се консумира. Може да помогне при различни проблеми, од губење на тежината до подобрување на проблемите со кожата. Експертите препорачуваат црното грозје да се консумира што почесто. Еве пет придобивки од консумирањето на црвено грозје.

Содржи антиоксиданси

Црното грозје е богат извор на антиоксиданси кои помагаат во заштитата на клетките од оштетување и го намалуваат ризикот од болести како што се дијабетес, рак, срцеви заболувања и други болести, пишува Health Shot.

Го промовира здравјето на срцето

Ова вкусно овошје содржи антиоксиданси како ресвератрол, кој е поврзан со намален ризик од срцеви заболувања. Затоа додавањето на црно грозје во вашата исхрана може да има значително влијание врз здравјето на срцето.

Го намалува ризикот од дијабетес

Според Health Shot, ресвератролот во црното грозје ја намалува отпорноста на инсулин и го подобрува нивото на шеќер во крвта. Антиоксидантите кои се наоѓаат во ова овошје помагаат и за проблемот со дијабетесот.

Го намалува ризикот од развој на Алцхајмерова болест

Честото консумирање црно грозје помага за подобрување на меморијата и функцијата на мозокот. Подобро би било да се јаде што повеќе, а многу експерти сметаат дека благодарение на неговите својства го намалува ризикот од развој на Алцхајмерова болест.

Тоа влијае на здравјето на кожата

Црното грозје содржи антоцијанин, антиоксиданс кој ја штити кожата од штетните ефекти. Тоа значи заштита на кожата од штетните ефекти на УВ зраците, хиперпигментацијата, па дури и од рак на кожата, пренесува Health Shot.

Поврзани вести

Смокви – овошје што ги олеснува симптомите на хемороиди

Radmila Tasevska

Зошто треба да вклучите повеќе витамин Д во вашата исхрана?

Radmila Tasevska

Што се случува со вашето тело ако го прескокнете појадокот?

Radmila Tasevska