СТАНДАРД life
Здравје

Седум нешта што треба да ги јадете за здраво срце

Здравствените експерти велат дека ќе живееме подолго ако внесуваме одредени секојдневни прехранбени намирници што помагаат во спречувањето срцеви заболувања. Од семки од тиква до зелен чај, еве кои храна и пијалаци треба да настојуваме да ги јадеме секој ден за да си го зачуваме здравјето на срцето.

1. Интегрални житарки

Замената на бел леб со интегрален леб што содржи цели зрна во голема мера може да го намали ризикот од коронарна болест и мозочен удар. Рафинираното брашно ги нема многуте здравствени придобивки што се наоѓаат во целите зрна.

2. Јаткасти плодови

Оревите и другите јаткасти плодови можеби имаат високо количество маснотии, но мононезаситените маснотии се корисни за здравјето на срцето. Истражувањата покажале дека дневното внесување на 30 грама ореви го намалува ризикот од коронарна болест.

3. Чоколадо

Според други медицински истражувања, луѓето кои редовно консумираат 20 гр. или два квадрати од 70-процентно темно чоколадо покажуваат значително подобрување на крвотокот. Но, не се забележува подобрување кај тие што јадат „преработена“ чоколада, која содржи многу малку какао. Здравствената корист на темното чоколадо е поврзана со неговите полифеноли, кои ја подобруваат циркулацијата и го намалуваат таложењето тромбоцити.

4. Авокадо

Овој плод е богат со Б витамини, особено Б5, што е важно за здравјето на надбубрежните жлезди. Неговата кремаста текстура и изобилството мононезаситени масти и протеини може да помогне во намалувањето на апетитот.

5. Омега-3

Омега-3 маслата може да потекнуваат од морски, животински и растителни извори, но без оглед на тоа од каде доаѓаат, тие значително го подобруваат здравјето на срцето.

6. Семки од тиква

Семките од тиква се преполни со магнезиум, кој помага во борбата со стресот, имајќи предвид дека нивото на стрес може да има погубно влијание врз срцето. Семките, исто така, содржат и многу протеини и здрави масти.

7. Зелен чај

Едно неодамнешно истражување покажа дека пиењето зелен чај за кратко време ја подобрува функцијата на клетките на ендотелот со кои е обложен циркулаторниот систем. Ендотелијалното заболување предизвикува задебелување на артериските ѕидови, што потоа може да доведе до срцеви проблеми.

Поврзани вести

Лекарите советуваат што да јадете за здрава кожа без брчки

Radmila Tasevska

Нутриционистите ги советуваат жените да ги земаат овие четири додатоци во исхраната

Radmila Tasevska

Дали пиете доволно вода: Пет начини да бидете сигурни дека сте хидрирани

Radmila Tasevska