СТАНДАРД life
Здравје

Симптоми кои откриваат дека не консумираме доволно протеини

Протеините се суштински макронутриент кој му е потребен на нашето тело и го користи во големи количини. Обезбедува структура и поддршка на клетките, им помага да функционираат правилно и го штити нашето тело од вируси и бактерии.

Исто така, протеините им помагаат на децата, тинејџерите и трудниците во нивниот раст и развој, пренесува Health.

Како што предупредуваат лекарите, недоволниот внес на протеини може да доведе до бројни здравствени проблеми, од кои некои можат да бидат особено опасни. Но, само неколку луѓе можат да препознаат кои необични промени укажуваат на тоа дека треба да консумираат повеќе протеини.

Ова ги вклучува следните симптоми:

* необјаснето отекување на делови од телото
*губење на тежина
*сува, ронлива кожа
*кршлива коса која може дури и да падне
*чувство на слабост во мускулите
*болки во зглобовите
*анемија.

Иако секој од овие знаци не мора да значи дека човекот не внесува доволно протеини, во повеќето случаи ова се најчестите симптоми кои укажуваат на тоа, велат лекарите.

Најбогатиот зеленчук со протеини

Поврзани вести

Најбогатиот зеленчук со протеини

Radmila Tasevska

Дали сакате газирана вода? Експертите открија како таа влијае на нашето здравје

Radmila Tasevska

На усните може да се откријат знаци на четири болести

Urednik